One umiju, one mogu!
ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО
Здружението Диванхана е лоцирано во Сарај и ги врши своите активности локално, регионално но и во меѓународна дејност. Здружението брои 20 членови кои активно се вклучени во неговите активности.Членовите поседуваат знаење, вештини и искуство за родови прашања, родова еднаквост и животот на младите. Тие се сензибилизирани кога станува збор за работата и обезбедувањето на услуги за жените и децата, особено за ранливите лица. Поттикнувајќи го придонесот на локалните заедници, Здружението мобилизира доброволци кои активно се вклучени во активностите на Здружението. На овој начин, заедниците се вклучени во подобрувањето на нивниот живот, придонесувајќи за развој на хумано, демократско и мултикултурно општество.








