Проекти

Интеграција на Бошњаците во отворените друштва

Здружението за афирмација на бошњачката жена „Диванхана“ ја одржа Регионална конференција „Интеграција на Бошњаците во отворените друштва“, добиен Проект на повикот за поодршка на проекти на здруженија и фондации, Агенцијата за остварување на правата на заедниците за 2023 г.

Интеграција на Бошњаците во отворените друштва

На ден 28.09.2023 г. одржана е Регионална конференција „Интеграција на Бошњаците во отворените друштва“, во присуство на поканетите: Ерхан Куртиш, Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Надир Реџепи, Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК од Гостивар, Санела Шкријељ, пратеничка во Собранието на РСМ и Санадин Володер, новинар, БиХ, и присатните Аида Зуковиќ, Бисерка Реџиќ и Председателката на Здружението Диванхана Изета Бабачиќ. Поканетите гости од Република Србија и Бугарија не присаствуваа од оправдани причини.

Еднодневната конференција ќе послужи да се извадат препораки, кои ќе бидат доставени до институциите, со цел интеграција на бошњачката заедница во РСМ, но и за воспоставување на мрежно поврзување на Бошњаците во регионот.
Општа цел на проектот е целосна интеграција на бошњачка заедница во РСМ
и вмрежување на Бошњаците од државите во регионот на Западен Балкан. Цел на проектот е анализа на состојбата на бошњачката заедница во РСМ.

Scelerisque vulputate

Специфичните цели на проектот вклучуваат подигање на свеста кај бошњачката заедница за целосно остварување на уставно и законски загарантираните права и регионално вмрежување на Бошњаците, зголемување на застапеноста на бошњачката заедница во јавниот, економскиот и политички живот во Република Северна Македонија, развивање на информативна и општа дебата во клучни области, со учество на релевантни национални и меѓународни експерти од областа на човековите права и малцинските права, соработка со надлежни институции и релевантни невладини организации во оваа област.

Врз основа на излагањето на присатните, се отвори дискусија за причините за недоволната интеграција на Бошњаците во македонското друштво и дали македонското друштво е вистински отворено друштво.
Една од од причините за ваквата состојба е отсуството на општествен активизам, политичките поделби и пасивноста на младите, што е вообичаен проблем на балканските земји бидејќи сметаат дека нивните надлежности не се признати и поддржани, што е една од причините за иселување, што ја загрозува нашата иднина.
Од заклучоците на конференцијата:
– да се работи повеќе со младите, да се мотивираат повеќе да се вклучат во општествените процеси и да се здружат силите преку вмрежување на здруженија за подобрување на социјалната атмосфера кај младите.
– да се работи на развивање на нивните компетенции како би ги препознале своите квалитети и способности и себе си како граѓани кои ќе го градат и подобруваат условите во општественото живеење и припадноста кон ова општетство
– градење и негување на вредностите како прво препознавање на личноста и нејзините професионални компетенции во однос на припадноста на етничката заедница
– активности за анализа на состојбата на заедниците како би се препознала досегашните постигања и да се планираат натамошните активности
– да се работи на подобрување на статусот, како и следење на примената на постоечките закони.
– поизразено учество и застапеност во сите органи на власта
– одговорноста да не се очекува само од институциите, туку и на секој поединец, градејќи култура на славење на различностите
– регионално вмрежување на Бошњаците
– зајакната институционална соработка со невладиниот сектор
– запознавање на припадниците на заедницата со правната рамка на европското законодавство во однос на правата на помалубројните заедници бидејќи една од важните препораки на Европската комисија е дека властите треба да се посветат кон овозможување на поголема вклученост на претставници на помалкубројните заедници во креирањето на политики.
– слабостите во процесот на интеграција се заеднички и со другите помалубројни заедници што укажува на потребата и за нивно заедничко настапување како што веќе се реализира преку Форумот на здруженија на немнозински заедници.

Iaculis vestibulum

Овие препораки и заклучоци ќе бидат доставени релевантите иснтитуции кои работат и се засегнати со овие содржини (АОПЗ, Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија и др.)

Praesent Iaculis sit Vehicula
Lap. 4 Tellus A17-B27

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *