Проекти

ЕДНАКВИ ВО ПРАВОТО, ЗАЕДНО ВО ЗНАЕЊЕТО!

Проектот „Еднакви во правото, заедно во знаењето е финансиран од Министерството за односи меѓу заедниците и реализиран од Здружението за афирмација на бошњачката жена „Диванхана“ од Скопје.
Општа цел на проектот е придонес кон унапредување на наставата на босански и српски јазик во основното образование преку стручна поддршка и професионален развој на наставниците. Проектните активности се фокусира на практична обука, соработка меѓу наставниците и изработка на примери прилагодени на реалните потреби на наставниот процес.

Цел на проектот

Главната цел е јакнење на компетенциите на наставниците за избор, подготовка и примена на содржини во наставата на мајчин јазик (босански и српски). Во изборот на темата акцент како специфична и комплексна, влијаеше потребата за усовршување и надградување на знаењата и вештините на наставниот кадар во овие училишта и поради недостаток од предходно организирани стручни обуки од страна на експерти за овие јазици.
Преку заедничка работа и размена на добри практики, проектот создаде долгорочна основа за подобрување на квалитетот на наставата и учењето на учениците од помалобројните заедници.

Активност: Изработка на прирачник

По тридневната обука реализирана со обучувачите и експертите од Институт за јазик Универзите во Сараево и Филолошки факултет
„Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, наставниците, работејќи во тимови, изработија содржини кои се составен дел од овој Прирачник за наставници и наставнички на босански и српски јазик.
Обуката ги опфати наставниците од училиштата во кои наставата се реализира на босански и српски јазик, како и оние каде што предметот Јазик и култура на Бошњаците и Јазик и култура на Србите се изучува како изборен предмет. По завршувањето на обуката, наставниците ги усовршија содржините кои се вклучени во овој Прирачник.
Финализирањето на содржините се реализираше во соработка обучувачите и експертите од Институт за јазик Универзите во Сараево и Филолошки факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а Прирачникот е достапен и во дигитална форма преку веб-страницата на Здружение „Диванхана“.
Овој Прирачник претставува резултат на заедничка работа, ентузијазам и посветеност на наставниците кои се стремат кон постигнување повисок квалитет во наставата на босански и српски јазик. Тој не е само збир на содржини, туку и поттик за натамошна креативност, соработка и професионален развој.
  • Линк до прирачници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *